Top Sport

Погба: Мојот стил го добив од мајка ми (видео)

Пол Погба вели дека неговата мајка е одговорна за неговиот спектакуларен и понекогаш претеран моден стил. Во интервју со „КОПА 90“ на Јутјуб, Погба ја открива својата инспирација.

„Мојата мајка, навистина знае многу за модата. Таа постојано става дополнителни бои на својата облека и тоа го видов од неа и модата беше тука од првиот ден“, вели Погба.

Во текот на интервјуто, Погба ја покажа својата нова тексас-јакна со грбот на Манчестер јунајтед, а беше запрашан и за својот музички вкус.

„Лил Узи Верт е мојот омилен музичар, но и Дрејк. Ешли Јанг постојано ја пушта песната на француски на Лил Узи Верт и го ’заразив’“, додава Погба.

Scroll to Top