Пол Погба првпат проговори за своите „маки“ во тимот на Манчестер јунајтед и наводниот голем конфликт со менаџерот Жозе Мурињо, велејќи дека нема никакви проблеми меѓу двајцата.
„Апсолутно нема конфликт со Мурињо. Двајцата сакаме само најдобро за клубот“, вели Погба во интервју за „Телефут“, откако претходно никогаш не коментираше за „проблематичната“ состојба во која се најде.
Погба беше стартер при 2:0 победата над Свонси на „Олд Трафорд“ во саботата, по што доби пофалби од менаџерот Мурињо за перформансите на теренот.
Погба исто така зборуваше и за шансите на „триколорите“ на Светското првенство во Русија, каде што тимот на Дидие Дешам патува со голем талент, но со малку „докажани“ фудбалери.
„Имаме потенцијал да станеме шампиони бидејќи составот ни е фантастичен. Мораме да работиме заедно, но нема да биде лесно. Само бидејќи сме Франција не значи дека ќе мораме да победуваме со 5:0 во секој меч“, вели Погба.
#Téléfoot
Paul Pogba : “Il n’y a pas de prise de tête avec Mourinho”. pic.twitter.com/hJNPQBieF5— Téléfoot (@telefoot_TF1) April 1, 2018