Пол Погба признава дека минува низ најтешкиот дел од неговата фудбалска кариера поради загриженоста од малата минутажа која ја добива во Манчестер јунајтед под Оле Гунар Солскјер.
Французинот има само 10 настапи за „ѓаволите“ во Премиер лигата и Лигата на шампионите, но само во половина од овие мечеви бил стартер. Од друга страна 27-годишниот фудбалер е столб на француската репрезентација, одигрувајќи клучна улога при 1:0 победата над Португалија во саботата и признава дека настапите за „триколорите“ му се како пауза од проблемите на „Олд Трафорд“.
„Никогаш не сум имал потежок период во мојата кариера. Затоа кога играм за Франција е како свеж воздух, вистинска магија“, вели Погба.
Претходно, францускиот селектор Дидие Дешам изјави дека Погба не може да биде среќен од ситуацијата во Јунајтед.