Top Sport

Погба, одеднаш, е мотиваторот во Јунајтед! (видео)

Пол Погба дефинитивно полесно дише по заминувањето на Жозе Мурињо. Ова може да се заклучи од снимката од говорот кој францускиот репрезентативец им го оддржа на фудбалерите на Манчестер јунајтед пред победата над Хадерсфилд.

На снимката јасно се гледа како Погба ги потсетува соиграчите на својата обврска на „Олд Трафорд“ во вториот меч на Оле Гунар Солксјер како тренер на тимот.

„Кога ќе одиме, ќе одиме… Пресинг веднаш! Сега сме дома, одиме силно, мораме да започнеме силно“, вели Погба.

Погба имаше големи конфликти со Мурињо, кој му ја одзеде вицекапитенската лента и го остави на клупата во последниот негов меч, ужасниот пораз од Ливерпул во големото дерби.

Фото: ЕПА

Scroll to Top