Францускиот репрезентативец Пол Погба по победата над Белгија (1:0), во полу-финалето на Светското првенство, изјавил дека триумфот им го посветува на младите фудбалери, кои во вторникот беа спасени од пештерата во тајланд.
Целиот свет изминатите неколку дена со внимание ја следеше акцијата за спасување на 12.млади фудбалери и нивниот тренер. Спасувачката акција успешно заврши во вторникот.
Момчињата и нивниот 25-годишен тренер, откако водата им го блокираше излезот од пештерата, во неа останаа 18 дена.
„Оваа победа е за хероите на денот, секоја чест момчиња, толку сте силни“, напишал Погба.
Инаку, младите фудбалери добија покана од ФИФА да бидат гости на финалниот меч, в недела во Москва, но тие мора да останат во карантин, бидејќи лекарите внимателно ја следат нивната здравствена состојба.
This victory goes to the heroes of the day, well done boys, you are so strong ?? #thaicaverescue #chiangrai pic.twitter.com/05wysCSuVy
— Paul Pogba (@paulpogba) July 10, 2018
foto: EPA