Top Sport

Погба повтори: Не ми е дозволено да зборувам

Пол Погба најави дека уште не му е дозволено да коментира по „распадот“ на односите со менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, иако од клубот и претходно изјавија дека нема забрана за тој да дава изјави по мечевите.

Погба одби да разговара со новинарите по поразот од неговиот поранешен клуб Јувентус во Лигата на шампионите, и сега посочи дека тоа не е негов избор.

„Не е до мене. Не можам да зборувам. Не ми е дозволено да зборувам. Сакам да го правам тоа, но ми кажаа да молчам“, изјави Погба.

Французинот има постојан конфликот со Мурињо, и претходно по првиот меч од сезоната против Лестер изјави дека би бил казнет доколку го каже тоа што го мисли. Мурињо му ја одзеде вице-капитенската лента откако Погба јавно повика да се напаѓа повеќе на натпреварите на Јунајтед.

Фото: ЕПА

Scroll to Top