Ситуацијата на Пол Погба во Манчестер јунајтед стана уште полоша откако Французинот доби повреда во текот на настапите за Франција и нема да биде во тимот на Оле Гунар Солскјер овој викенд.
Погба одигра три меча со Франција за време на интернационалната пауза, но нема играно за Јунајтед во последните два меча поради повредата на скочниот зглоб, која за среќа не е истата која го отстрани од теренот поголемиот дел од 2019/20.
„Скот Мектоминеј и Пол Погба не тренираа денеска, така што тешко дека ќе можам да сметам на нив овој викенд. Рашфофрд, Линделоф и Ван-Бисака не се 100 отсто подготвени, додека Лук Шо само што ја почна рехабилитацијата. Знам дека имаме мака со повредите, но среќен сум со тимот. Стануваме посилни и честопати е проблем кого да оставиш надвор од тимот. Не сум загрижен“, изјави Солскјер.