Top Sport

Погба признава – не е лесно да се игра за Манчестер јунајтед

Пол Погба признава дека не е лесно да се игра за Манчестер јунајтед, но вели дека е важно да се гледа на „големите работи“, по елиминацијата на „ѓаволите“ од полуфиналето од Карабао купот од Манчестер сити.

Погба додава дека нема време да се тагува по поразот од Сити, бидејќи очекувањата се огромни во 2021 и тие треба да ги остварат.

„Нема време да бидеме разочарани една недела бидејќи знаеме каде сме, и мислам дека ме во добра позиција. Нема време за тоа. Одиме напред. Тешко е, и ќе биде тешко, но учиш од вакви натпревари. Тоа треба да ни помогне да имаме добри резултати напред. Фудбалот и играњето за Манчестер јунајтед не се лесни и никогаш нема да биде лесни, но затоа победата кога ќе дојде ќе биде подобра. Сите фанови го сакаат тоа, и сите во тимот го сакаат тоа. Клубот е граден за големи работи, и треба да ги оствари “, вели Погба.

Scroll to Top