Пол Погба, на колегите од репрезентацијата им одржал инспиративен говор, пред осмина-финалната пресметка со Аргентина на Светското првенство, а истото го направил и пред четврт-финалето со Уругвај.
„ТФ1“ прикажа документарен филм, каде е забележливо дека играчот на Манчестер јунајтед може да биде лидер и надвор од теренот.
„Сакам воини на теренот. Не сакам да си одам дома! Среќно ќе го завршиме ова! Сакам вечерва да одам на забава. Сакам да бидеме мртви на теренот сите заедно! Сакам мажи, воини, војници. Денес ќе ги „убиеме“. Меси, не Меси, не ми е гајле! Дојдовме да го освоиме Светското првенство“.
Pogba speech to his French teams – Leader ? #mufc pic.twitter.com/QaTJzCUHZY
— ManUnitedZone (@ManUnitedZone_) July 18, 2018
Франција дуелот со Аргентина го доби со 4:3, а потоа пред „триколорите“ потклекна и Уругвај со 2:0. И пред тој натпревар блескал Погба.
„Тоа е тоа, нема повеќе враќање назад. Тое е тоа! Продолжуваме, одиме до крај! Се гледаме на 15.јули – сите заедно! Денес Блез (Матуиди кој беше суспендиран) е на клупата, тој е разочаран и лут. Сака да игра, не е расположен. За луѓе каков што е тој ние се бориме денес. Нема да биде на теренот, но ќе биде со нас. Сите мора да бидеме во своите најдобри изданија“, им зборувал Погба на соиграчите.
Франција потоа ја победи Белгија во полу-финалето со 1:0, а во неделата и Хрватска со 4:2 и ја освои светската круна.