Top Sport

Погба се пожали: Не ми даваат да зборувам

Сагата околу Пол Погба и Жозе Мурињо продолжува без крај на повидок. Сега, Французинот тврди дека му е забрането да зборува со новинарите по критиките кои ги упати кон играта на Манчестер јунајтед.

25-годишниот Погба се пожали за недостатокот на напаѓачки фудбал на „Олд Трафорд“ по 1:1 ремито со Вулверхемптон на 22 септември, по што Мурињо му ја одзеде позицијата на заменик капитен на клубот. Иако тој остана во стартниот состав на Јунајтед, сега тврди дека добил забрана да зборува за медиумите по шпекулациите за бунт во соблекувалната на клубот.

По саботниот пораз од Вест хем, тој беше запрашан за коментар за мечот, по што на новинарите им одговори: „Сакате да ме убиете?“. Сега, тој добил формално предупредување од тимот, откако по 0:0 ремито со Валенсија во Лигата на шампионите јасно изјави.

„Ми кажаа дека не ми е дозволено да зборувам“, изјави кратко Погба.

Наместо тоа, тој на социјалните мрежи се појави со порака: „Продолжуваме да се бориме, Јунајтед“. Покрај ова, Погба повторно е поврзуван со трансфер во Барселона во јануарскиот преоден рок.

Фото: ЕПА

Scroll to Top