Top Sport

Погба се врати на тимски тренинзи со Јуве

Враќањето на Пол Погба во тимот на Јувентус се наближува, откако францускиот репрезентивец почна со тимски тренинзи со своите соиграчи по долгата пауза по операцијата на коленото.

29-годишниот Погба се врати во Торино како слободен играч по крајот на договорот со Манчестер јунајтед минатото лето, но се повреди на турнејата на клубот во САД, по што на почетокот на септември беше на операција поради која не беше дел од француската репрезентација на СП во Катар. Според италијанските медиуми, Јувентус нема да брза со неговото враќање и ќе се почека барем уште неколку недели пред да биде дел од тимот на Масимилијано Алегри.

Scroll to Top