Пол Погба е дел од тимот на Јувентус за турнејата низ САД, но уште не тренира со првиот тим, обидувајќи се да се врати во вистинска физичка форм, тврди „Скај спорт Италија“.
30-годишниот Французин немаше најдобро враќање во клубот од Торино, пропуштајќи речиси цела сезона поради различни повреди. Тој вкупно одигра 161 минута за Јуве во 10 настапи, но според Џанлука ди Марцио, во клубот не очекуваат тој да биде целосно подготвен ниту за првиот меч од сезоната против Удинезе следниот месец.
Погба наместо тренинзи со првиот тим на Масимилијано Алегри, уште работи само во теретана или индивидуално на теренот, поради проблеми со коленото, кое го оперираше минатата година. Погба заработува 8 милиони евра годишно во Јуве.
#Juventus, #Pogba si allena a parte negli Stati Uniti: le sue condizioni https://t.co/m2XzZJ3ylS
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 23, 2023