Top Sport

Погба уште одамна имал план – три години во Јунајтед, па правец Шпанија

Агентот на Пол Погба, Мино Рајола му ветил дека до крајот на сезоната по три години во Манчестер јунајтед ќе му обезбеди голем трансфер во еден од шпанските гиганти, Реал Мадрид или Барселона.

Контроверзниот Рајола според „Манчестер ивнинг њуз“ му ветил на Погба дека по три години на „Олд Трафорд“ ќе замине во Шпанија, уште пред тој да го направи трансферот од 100 милиони евра од Јувентус на „Олд Трафорд“.

Погба претходно беше на „радарот“ на Реал Мадрид, но ова лето имаше големи шпекулации дека поради конфликтот со Жозе Мурињо ќе направи трансфер во Барселона, а тоа беше „подгреано“ со некои двосмислени изјави од првите луѓе на каталонскиот клуб.

Scroll to Top