Top Sport

Погба воопшто не разговара со Мурињо?

Пол Погба признава дека ретко разговарал со менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, одговарајќи на „кризата“ во неговата игра со коментар дека него го „судат поинаку од било кој друг фудбалер“.

Пред Светското првенство во Русија, Погба беше исвиркан од дел од фановите во Ница на пријателскиот меч со Италија, а дебатата за неговата „вредност“ во средината на теренот траеше и во текот на сезоната со Јунајтед. Во последното интервју за „Франс фудбал“ тој е искрен.

„Не знам дали сум енигма за моите тренери, тоа треба да ги прашате нив. Ако тренерот реши да ме постави на клупата бидејќи не сум доволно добар или мисли дека треба да го смени системот тогаш тоа е негов избор. Оваа сезона бев многу на клупата. Прво бев повреден, потоа имав вирус. Дали имав проблем со Мурињо? Јас не сум тренерот. Дали разговарав со него? Не често. Тој ме вадеше од игра и тоа беше тоа“, вели Погба.

Во долгото интервју тој исто така тврди дека е човек кој го „судат поинаку“, но дека целта е да се освои „Златната топка“ како најдобар фудбалер на светот.

„Ме чека многу работа. Треба да бидам многу попостојан и сега не можам да зборувам за ’Златната топка’. Видете го маестро Иниеста. Тој беше лидер натимот, но не го оценуваат според бројот на голови. Јас имав девет гола минатата сезона, тој имаше шест. Дали јас имав добра сезона? Мојата улога на теренот не е да давам голови. Дали го цените Н’Голо Канте според головите? Секако, не“, објаснува Погба.

Фото: ЕПА

Scroll to Top