Top Sport

Погба: Враќањето во Јунајтед беше најпрекрасното нешто на светот!

И покрај тоа што шпекулациите постојано го поврзуваат со заминување во Јувентус или во Шпанија, Пол Погба уште еднаш ја искажа љубовта кон Манчестер јунајтед, велејќи дека кога се вратил на „Олд Трафорд“ го имал „најдоброто чувство на светот“.

Французинот се врати во Јунајтед во 2016 година за тогаш рекордни 100 милиони евра, четири години откако замина од клубот со слободен трансфер во Јувентус. Оттогаш тој постојано вели дека се чувствува како дома во Манчестер и покрај проблематичниот однос со менаџерот Жозе Мурињо. Сега, Погба тврди дека воопшто не мисли на заминување.

„Кога се врати во Јунајтед, тоа беше најдоброто чувство на светот. Се вратив дома. Секогаш сонував да играм за овој клуб, да имам многу натпревари и многу голови. Ништо се нема сменето, освен тимот и менаџерот, но клубот е тој истиот. Сакав да се вратам дома, како да не си заминав, туку бев само на летување. Да се почувствува воздухот во Манчестер беше прекрасно“, вели Погба.

Французинот одигра 15 меча оваа сезона за клубот и постигна пет гола, но не играше на дербито со Манчестер сити (пораз од 3:1) и се повлече од настапите за француската репрезентација поради повреда.

Scroll to Top