Top Sport

Погба за шпекулациите дека се се степал со Лукаку: Ние сме браќа

Пол Погба ги демантираше шпекулациите во англиските таблоиди дека се степал со својот колега од Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку по победата против Саутемптон.

Лукаку постигна два гола, но Погба беше тој кој неуспешно се обиде од белата точка во финишот на натпреварот, по што англискиот „Сан“ тврдеше дека двајцата имале расправија и тепачка во соблекувалната бидејќи Лукаку не добил шанса да постигне хет-трик.

Прв се јави Лукаку со кратка порака на социјалните мрежи: „Кога омразата не работи, почнуваат да кажуваат лаги“, а потоа и Погба реагираше на оваа приказна.

„Луѓето се навистина смешни, брате“ , му одговори Погба.

Лукаку по победата во ТВ-изјава не покажа лутина.

„Јас сум напаѓач и сакав Пол Погба да постигне гол од пенал, бидејќи имаше добра серија и е многу важен фудбалер за нас“, изјави тогаш Белгиецот.


Scroll to Top