Црвена звезда, со пресврт во последните минути го победи Партизан со 2:1 во 176. „вечно дерби“.
По натпреварот, администраторот на социјалните мрежи на црвено-белиот тим со објава го исмејуваше најголемиот ривал.
Партизан поведе во 39. минута откако Алдо Калулу погоди за 1:0. Пресвртот дојде од 84. до 87. минута откако Андрија Максимовиќ реализираше пенал, а потоа Никола Симиќ ја ја закачи топката по ударот на Бруно Дуарте, која влезе во мрежата низ нозете на голманот и капитен на Партизан, Александар Јовановиќ.
Токму тоа го искористи аминистраторот за да го исмева својот градски ривал. Ја искористи реченицата од филмот „Монтевидео, Господ те виде!“, односно сцената во која може да се слушне: „Келнер, може ли овде еден фустан за на капитенот да не му поминува повеќе топката низ нозе?“.
@crvenazvezdafk