Фудбалерите на Атлетик Билбао славеа убедлива победа во Валјадолид 4:1. Баските на „Зорилја“ до победата дојдоа со головите на почетокот и финишот на натпреварот.
Прекрасен гол од слободен удар постигна во четвртата минута постигна Унаи Лопез. Дваесет минути подоцна Баските ја дуплираа предноста кога Масип го совлада Раул Гарсија.
Домашните фудбалери трошка надеж дека ќе можат да избегнат пораз добија во 76 минута кога резултатот го намали Сандро Рамирез.
Меѓутоа во финишот најпрвин Инњаки Вилијамс ја искористи грешката на дефанзивците на Валјадолид и во 87 минута зголеми на 3:1, а конечните 4:1 ги постави во 93 минута.