Top Sport

„Покер“ за Агуеро, Сити како воз преку Лестер (видео)

Серхио „Кун“ Агуеро постигна неверојатни четири гола, за да ги предводи лидерите во Премиер лигата, Манчестер сити до нова импресивна 5:1 победа над Лестер сити.

Фантастичниот Агуеро, инаку рекордер по бројот на голови за Сити, сега има 13 гола во 10 натпревари од Премиер лигата, и првпат во кариерата има седум домашни натпревари со барем еден гол за Сити.

Тимот на Пеп Гвардиола стигна до рано водство против Лестер, кога Кевин де Бројне го најде Рахим Стерлинг за 1:0 по само 3 минути игра. Сепак, Лестер преку Џејми Варди во 24. минута успеа да израмни за да најави интересно второ полувреме.

Но, сценариото на мечот не беше такво. Агуеро на две асистенции на фантастичниот Де Бројне, во 48. и 53. минута го одлучи победникот на мечот, пред во 77. минута да ја казни катастрофалната грешка на голманот на Лестер, Каспер Шмахјел за убедлива победа. Најдоброто Агуеро го остави за финиш, откако во 91. минута со фантастичен удар од шестнаесетина метри по четврти пат го „стресе“ Шмајхел.

Сити се убедливи на врвот на Премиер лигата со 72 поени, 16 повеќе од Манчестер јунајтед, кои утре гостуваат кај Њукасл, гостување на кое Жозе Мурињо никогаш не победил. Лестер се на осмото место со 35 поени.

Scroll to Top