Top Sport

„Покерашот“ Сон – Тотенхем победија на „Сент Мери“

Фудбалерите на Тотенхем забележаа убедлива победа на „Сент Мери“ стадионот над Саутемптон 5:2. Апсолутен херој на Спарси е Сон кој ги постигна првите четири гола за својот тим. Брилијантен натпревар одигра и Хари Кејн кој запиша четири асистенции и постигна еден гол.

Натпреварот во Саутемптон започна со поништениот гол на Кејн, а потоа студен туш на играчите на Тотенхем и приреди Дани Ингс со 32 минута.

Сон и Кејн серијата ја започнаа во 47 минута од првиот дел (45+2) кога израмни на 1:1, а на стартот од вториот дел во 47 минута погоди за 1:2. Кореецот потоа постигна уште два гола во 64 и 73 минута.

Асистеното Кејн се запиша меѓу стрелците во 82 минута, а конечниот резултат го постави Ингс од пенал.

Scroll to Top