Top Sport

Покетино: Ериксен е среќен кај нас

Кристијан Ериксен е среќен во Тотенхем, тврди менаџерот на овој клуб Маурисо Покетино. Данецот летово беше подготвен да го напушти Тотенхем, но на крајот се помири со судбината и уште оваа сезона ќе остане во Лондон.

Оваа сезона поради шпекулациите за трансфер Ериксен само на еден натпревар бил во игра во сите 90 минути.

„Никогаш не рекол дека не е среќен во клубот. Секогаш бил среќен овде“, рекол Покетино.

„И пред мечот со Арсенал реков дека е подготвен, поради тоа играше на тој меч. Ќе игра и понатаму. Секогаше бил влијателен играч за нашата игра“.

Тотенхем, во петтото коло во Премиер лигата, ќе ги пречекаат Кристал Палас в сабота од 16 часот.

Scroll to Top