Top Sport

Покетино го фати „вирусот Симеоне“ (Видео)

Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурицио Покетино, по големиот успех на својот тим, пласманот во полу-финалето во Лигата на шампионите, направи гест што малку ја шокираше јавноста во Англија.

Покетино, елиминацијата на Манчестер сити, ја прослави во стилот на сонародникот Диего Симеоне. Тој покажа дека неговите играчи имаат м….а. Разликата е што Покетино тоа го направил во соблекувалната, за разлика од Симеоне, а потоа и Кристијано Роналдо, чии реакции беа забележани од милионскиот аудиториум.

Прашање е дали УЕФА ќе реагира во овој случај, бидејќи е направен во соблекувалната. Случаите „Симеоне и Роналдо“, УЕФА ги реши со парични казни од по 25.000 евра.

Scroll to Top