ПСЖ направи чекор од седум милји, кон пласманот во четврт-финалето, во Лигата на шампионите. Предводени од Килијан Мбапе, ПСЖ, славеа во Барселона со 4.1, во првиот осмина-финален натпревар.
Мбапе постигна хет-трик, а по натпреварот тренерот Маурицио Покетино, открил дека напаѓачот ден пред натпреварот му ја најавил победата.
„Ме праша колку пати сум победил на Ноу Камп. Му одговорив: „Една“. Тој ми кажа: „Утре втор пат ќе победиш“, открил Покетино и дополнил:
„По мечот само ми рече: „Ти кажав“.