Top Sport

Покетино „му удри корпа“ на Реал Мадрид

Менаџерот на премиерлигашот Тотенхем, Аргентинецот Маурицио Покетино (46) ја одбил понудата на мадридски Реал да биде тренер на тимот.

Според информациите кои ги пренесуваат медиумите од Островот, Покетино одбил понуда од дури 20 милиони евра по сезона со причина дека не сака да оди во клуб кој многу често ги менува тренерите. Тој порачал дека сака да остане во Лондон и да освојува трофеи со Тотенхем.

Покетино е стратег на Тотенхем од 2014 година, а пред тоа работеше и во Еспањол и Саутемптон.

Scroll to Top