Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино денеска го имаше првиот тренинг со фудбалерите на ПСЖ откако вчера беше официјално назначен за стратег на клубот од Париз.
Покетино беше пречекан во добра атмосфера откако на првата средба со тимот беше заедно со првиот човек на клубот, Насер Ел Келафи.
Покетино, за кого ова е прв тренинг по 14 месеци пауза (отказот во Тотенхем беше во ноември 2019 година) беше видно расположен.
Аргентинецот своето деби на клупата на ПСЖ ќе го има на 6. јануари на гостувањето кај Сент Етјен.
Want to see the resumption of training at the ??????? ???????
Here you go, the first session led by Mauricio Pochettino ? pic.twitter.com/WHw3I0nX6a
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) January 3, 2021