Top Sport

Покетино откри каде тој и Мбапе ќе бидат наредната сезона

Маурисио Покетино е сигурен дека ќе остане во ПСЖ и наредната сезона и покрај медиумските шпекулации дека ќе добие отказ по завршувањето на сезоната.

Аргентинецот, претпладнево на француските медиуми им изјави дека ќе биде во клубот и наредната сезна.

„Какви се шансите да останам во ПСЖ и следната сезона? Во моментов има 100 проценти шанси да останам. Јас и Килијан Мбапе исто така“, изјави тренерот на ПСЖ.

Килијан Мбапе претходно беше поврзуван со Реал Мадрид. Наводно има потпишан преддоговор, но ПСЖ прави се за да го задржи во своите редови.

Scroll to Top