ПСЖ со победата над Олимпик Марсеј (2:1) дојде на чекор до шампионската титула во Лига 1. „Светците“ имаат 15 поени предност од Марсеј.
Сепак, титулата во домашното првенство нема да ги задоволи апетитите на газдите и армијата навивачи. Француските медиуми тврдат дека атмосферата во тимот е лоша по елиминацијата од Реал во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Главен виновник според нив е тренерот Маурицио Покетино.
„Немам џојстик да го водам тимот како на Пјестејшн или Фудбал менаџер. Ова не е Пјестејшн, ова е професионален фудбал. Се работи цела недела, се тренира се подготвува натпреварот“, рекол Покетино и дополнил.
„Многумина мислат дека да го тренираш ПСЖ е исто како да играш Плејстејшн или Фудбал менаџер. Не е толку едноставно. Не е така во реалноста. Во реалноста мораш многу да работиш“.