Top Sport

Покетино прв кандидат за тренер на Њукасл

Новиот сопственик на Њукалс има желба неговиот клуб наредната сезона да го предводи поранешниот тренер на Тотенхем Маурицио Покетино. Њукасл биле подготвени да му понудат на Аргентинецот годишна плата од 19 милиони фунти објави „Скај Спортс“.

Покетино е без ангажман од ноември минатата година кога доби отказ во Тотенхем. Самиот изјави дека негова желба е да остане да работи во Премиерлигата.

Актуелен тренер на Њукасл е Стив Брус, тој има важечки договор, но јасно е дека кога Саудијците ќе го преземат клубот тој ќе мора да замине.

Инаку, Премиерлигата се уште не ја одобрила продажбата на Њукалс.

Scroll to Top