Top Sport

Покетино сака да е англиски селектор

Тренерот на Тотенхем, Аргентинецот Маурисио Покетино вели дека би сакал еден ден да стане англиски селектор. Ценетиот стручњак ова го открива во својата нова автобиографија, посочувајќи дека доколку се пресели во репрезентативниот фудбал, би сакал да биде на чело на „Трите лавови“.

45-годишниот Покетино имаше 20 настапи за аргентинската репрезентација, а го направи пеналот со кој Англија ги елиминираше на Светското првенство во 2002 година. Но, оттогаш, тој работи во Англија, прво како менаџер на Саутемптон, а потоа и во Тотенхем. Во новата кинга „Храбар нов свет“, Покетино ги открива желбите.

„Ако еден ден станам селектор, би сакал тоа да биде на англиската репрезентација. Слушнав дека порано ме планираа за таа улога, но не знам дали имаше вистинса во тоа. Таму би бил со многу познати лица: Хери Кејн, Дени Роуз, Деле Али, Ерик Даер, Адам Лалана. Од последните 21 нови играчи во англиската репрезентација, 17 играле под мое водство. 11 од нив дебитираа додека јас им бев тренер. Англичаните се храбри, искрени, агресивни, а најдобрите секогаш сакаат да ја подобрат својата игра“, оценува Покетино.

Scroll to Top