Top Sport

Покетино: Сакам кога играм против Гвардиола, ќе го добиеме Сити

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, пред саботното дерби со Манчестер Сити смета дека неговиот тим може да го победи лидерот во Премиер лигата.

„Кој може да каже што ќе се случи в сабота? Одиме таму со намера да победиме. Фудбалот е таков. Минатата недела забележавме три победи и тоа е најважно за мојот тим. Чувствуваме дека можеме да се искачиме високо на табелата, сезоната е долга, може да се случи сè и сешто“, рекол Аргентинецот.

„Мислам дека е одлично што ќе играме против Манчестер Сити. Тие се најдобриот тим во Англија и еден од најдобрите во Европа. Сакам вакви натпревари, а особено кога играм против Пеп Гвардиола“, дополнил менаџерот на Тотенхем.

Дерби мечот од 18.коло во Премиер лигата на Англија Манчестер Сити-Тотенхем се игра в сабота од 18:30 часот.

Scroll to Top