Менаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино признал дека е преплашен од фактот дека може да добие отказ. Вице-првакот на Европа вечерва во Б-групата во Лигата на шампионите ќе ја пречека Црвена ѕвезда.
Тотенхем против српскиот шампион нема право на грешка, а нерешено или пораз може да значи и отказ за аргентинскиот тренер.
„Доколку не ја поправиме играта и резултатите, што мислите што ќе се случи? Во фудбалот секогаш се е исто. Јасно ми е каква е мојата работа, имам 47 години“, рекол Покетино, а потоа се пошегувал со новинарите.
„Се уште не сум обелел во главата, знаете зошто? Поради што не му давам значење на се ова. Ме интересира само фактот како да ја подобрам нашата игра. Тоа е фудбалот. Доколку не играте добро нормално е дека ќе имате проблеми. Во фудбалот треба да победуваш,тоа е суштината. Што били претходно, тоа поминало. На менаџерите секогаш им се потребни победите денес и утре. Понекогаш премногу гледаме во иднината. Луѓето ми велат дека размислувам премногу. Сметам дека морам да мислам на она што ќе се случи денес“, заклучил Аргентинецот.
По два одиграни натпревари Тотенхем се наоѓаат на последното место во Б-групата со еден освоен бод.