По извештаите дека белгискиот напаѓач Дрис Мертенс го продолжил договорот со Наполи, градот ќе го прослави неговото останување со прогласување на „Чиро“ за почесен граѓанин на Неапол.
Мертенс беше на мета на Интер и Челси, кои сакаа договор со него откако тој ќе стане слободен агент ова лето, но последните вести од Италија тврдат дека тој останува на „Сан Паоло“. Белгиецот ќе заработува 4 милиони евра по сезона до јуни 2022, плус ќе добие бонус од 2.5 милиони евра за новиот договор.
Дел од причината за неговото останување е љубовта кон градот и навивачите, каде што беше прифатен како свој и навивачите му дадоа прекар „Чиро“, најнаполитанското име.