Top Sport

Пол Инс љубомори: И јас ќе го направев истото како Солскјер

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Инс, вели дека „секој би можел да се симне и да го направи истото“ како Оле Гунар Солскјер, откако Норвежанецот има шест победи во првите шест меча како преоден менаџер на Јунајтед по драматичната 1:0 победа над Тотенхем.

Според многумина, токму мечот против Тотенхем требаше да биде вистински тест за квалитетите на Солскјер, но Инс смета дека Маурисио Почетино, кој загуби на „Вембли“ е вистинското решение за неговиот поранешен клуб и треба да добие договор на лето.

„Не треба да се занесуваме за тоа што го направи Оле. Да бидеме искрени, не можеше да биде полошо во Манчестер јунајтед пред да замине Жозе Мурињо. Имаше црн облак над клубот, фудбалерите и фановите и тоа влијаеше негативно. Оле дојде како пријателско лице во клубот и ги смири фудбалерите, кои го кренаа нивото. Но, тоа не значи дека тој е вистинскиот човек за работата. И јас ќе го направев истото, како и Стив Брус. Било кој да дојдеше ќе беше подобро. За следната сезона треба да дојдат менаџер кој сериозно може да ги врати во конкуренција со Сити и Ливерпул. Од сите можни опции, Почетино е вистинскиот човек за тоа. Клубот не треба да прави избрзани одлуки и да го избере менаџерот само бидејќи победил на шест меча во низа, од кои пет против потпросечни екипи. Мислам дека и под Мурињо ќе победеа во тие мечеви“, вели Инс.

Scroll to Top