Top Sport

Пола милион луѓе го дочекаа „пехарот со уши“ во Ливерпул (Видео)

Околу 500.000 луѓе низ улиците на Ливерпул ги поздравија фудбалерите на истоимениот тим и со нив го прославија освојувањето на шестата титула европски првак.

Фудбалерите и членовите на стручниот штаб со панорамски автобус поминаа из градските улици. Сите фудбалери носеле црвени дресови со бројот 6 на грбот, што го претставува бројот на освоени трофеи во Лигата на шампионите.

Ливерпул во саботата во финалниот меч во Мадрид, забележаа победа над Тотенхем 2:0. Головите ги постигнаа Салах и Ориги, на почетокот и во финишот на мечот.

Scroll to Top