Осум фудбалери на Лацио го пропуштиле денешниот тренинг, во пресрет на утрешниот натпревар против Клуб Бриж, во Лигата на шампионите. Клубот не ги соопшти причините зошто играчите не тренирале. Медиумите шпекулираат дека коронавирусот влегол и во Лацио.
Покрај најдобриот стрелец Чиро Имобиле, тренингот го пропуштиле Луис Алберто, Андреас Переира, Лукс Леива, Мануел Лазари, Данило Каталди, Луиз Фелипе и Томас Стакоша.
„Газета дело Спорт“, тврди дека петмина од оние кои го пропуштиле тренингот ги чекале резултатите од тестовите. Доколку тие бидат негативни на коронавирусот ќе имаат можност да им се приклучат на соиграчите кои ќе патуваат во Белгија на натпреварот со клуб Бриж.