Top Sport

И полицијата се вклучи во шкотската мешаница (видео)

Дуелот од шкотската Премиер лига меѓу Хартс оф Мидлотијан и Хамилтон Академикал во текот на викендот беше одбележан со неверојатна пресметка на играчите, за на крајот да интервенира и полицијата.

Инцидентот се случи во второто полувреме при резултат 1:1, кога тренерот на Хартс, Остин Мекфи реши да „троши време“ и одби да ја врати топката во игра, потег кој го изнервира играчот од средниот ред на Хамилтон, Даријан Меккинон.

Откако се обиде да му ја одземе топката, Меккинон и Мекфи завршија на теренот, по што настана мешаницата во која беа вклучени играчите, тренерите и полицијата.

Scroll to Top