Матео Политано ќе го пропушти дербито со Интер. крилниот напаѓач на Наполи е позитивен на вирусот Ковид-19.
„Лекарскиот тим на Наполи потврдува дека Матео Политано вчера доби позитивен тест. Играчот е регуларно вакциниран со две дози. Тој е изолиран во својот дом. Сите процедури кои се препорачано од здравствените авторитети се испочитувани во овој случај. Останатите фудбалери уште еднаш ќе бидат тестирани пред тргнувањето за Милано“, соопшти клубот.
Наполи, по 12 рунди, ја држи челната позиција во Серија А со 32 бода. Ист број на бодови има и Милан.
Интер, в недела од 18 часот, ќе го пречека Наполи.