На многумина се уште не им јасно како Полска успеа да избори статус на носител во пресрет на ждрепката за Светското првенство во Русија.
Полјаците кои реално не се во кругот на фаворити за титулата и која не во самиот светски врв, со мал трик, дозволена измама, успеа да биде меѓу осумте селекции кои ќе бидат носители на ждрепката.
Полска направи трик, или измама, со пријателските натпревари, чии резултати влегуваат во пресметките на ФИФА кога се прави ранг листата на најдобрите во светот.
Имено, откако на ЕУРО 2016 испаднаа во четврт-финалето, Полјаците одиграа само еден пријателски натпревар, против Словенија (1:1).
Многу мудро, тие сватиле дека на пријателските натпревари можат само да губат бодови. Додека Шпанија и Англија играа меѓусебно, заработуваа милиони и во пријателските натпревари го загубија статусот на носители, Полјаците одмораа и ги чуваа бодовите на ФИФА листата кои ги освојуваа во квалификациите.
За ранг листата на ФИФА се сметаат бодовите освоени во последните четири години и тоа така што бодовите се собираат со бројот на одиграни натпревари, а во една календарска година секоја репрезентација мора да одигра најмалку пет натпревари.
Сите бодови од последната година се рачунаат, од втората година се рачунаат 50 отсто од освоените бодови, од третата 30 отсто, а од четвртата 20 отсто.
Полјаците решиле во 2017 година да не играат пријателски натпревари, се до октомври, односно до моментот кога ФИФА ја заклучи листата според која се одредуваа носителите за Светското првенство.
Во ноември Полска одигра два натпревари, со Уругвај играше 0:0, а од Мексико загуби 0:1, но тоа не ги загрижи моногу бидејќи со стратегијата тие веќе беа влезе меѓу осумтет носители на ждрепката.
На Полска и помогна и фактот што во квалификациите немаше премногу силна група и во конкуренција на Данска, Црна Гора, Романија, Ерменија и Казахстан лесно го освоија првото место победувајќи на осум од десетти одиграни натпревари.