Top Sport

Полицијата потврди: Има докази против Роналдо

Кристијано Роналдо кога тогаш ќе мора да се појави пред судот во Лас Вегас. Тој е обвинет дека во 2009 година во својот апартман ја силувал Кетрин Мајогра. Полицијата тврди дека има докази против фудбалската ѕвезда.

Изминатите денови медиумите шпекулираат дека во изминатите осум години доказниот материјал исчезнал, меѓутоа полицискиот портпарол рекол дека доказите се тука.

„Тестовите што биле тогаш направени се тука, не се исчезнати, ние ги поседуваме. Имаме доволно доказен материјал“, рекол портпаролот.

Адвокатските тимови одржуваат контакти со полицијата, а наскоро треба да биде сослушан и Роналдо. Процедурата е сложена бидејќи Кристијано не е во САД, но кога тогаш ќе мора да се појави пред судот.

Кетрин Мајогра, пред две недели, објави детали од она што се случило во 2009 година. Во интервју за „Шпигл“ таа раскажала дека фудбалерот ја силувал, таа го пријавила настанот во полција, а една година потоа Роналдо и платил 375.000 долари за да „заборави“ што се случило.

Scroll to Top