Top Sport

Полска без Глик на СП

Фудбалерот на Монако, Камил Глик, поради повреда нема да биде во составот на Полска, на Светското првенство во Русија. Оваа информација ја соопшти претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска, Збигњев Боњек.

Отсуството на Глик е голем удар за Полјаците, бидејќи тој е клучниот дефанзивец во тимот, предводен од селекторот Адам Навалка. Глик, на тренингот, обидувајќи се да изведе ножички, го повредил рамото.

На местото на Глик, селекторот го повика дефанзивецот на Штутгарт, Марчин Камински.

Камил Глик во кариерата има одиграно 57 натпревари за националниот тим.

Scroll to Top