Нема голови по првото полувреме на натпреварот во Варшава помеѓу Полска и Македонија.
Полјаците ја контролираат играта, го имаат поседот, а најсериозната шанса за гол ја пропуштија во 17 минута кога Зјелински од 11 метри ја погоди гредата од голот што го брани Димитриевски.
Имаа Полјаците уште неколку опасни напади но без сериозна закана.
Од друга страна единствената добра можност Македонија ја имаше преку Алиоски кој се обиде од слободен удар, но неговиот удар го одбрани Шчешни.