Top Sport

Поминаа 25 години од легендарното „глумење“ на единствениот Стоичков (видео)

Христо Стоичков останува еден од најдобрите фудбалери кои Барселона го имала во својот состав, а љубовта кон клубот и кон Каталонија уште е забележителна кај легендарниот бугарски фудбалер.

Меѓутоа, пред точно 25 години на „Ноу Камп“, Стоичков ја покажа и онаа друга страна на неговиот талент – „валканата“ страна. И тоа на пријателски меч. На дуелот со Борусија Дортмунд, Стоичков го изнуди можеби најчудниот пенал за Барселона, и со тоа успеа да го излаже судијата. Роналд Куман за жал изведе многу лош пенал и гол немаше.

Инаку, Стоичков потоа во мечот постигна два гола (еден од пенал), а Барселона стигна до 3:0 победа.

Scroll to Top