Мечот од романската четврта лига помежу Орадеа и Диосиг донесе супер-романтична фудбалска приказна, откако помошникот судија, 22-годишниот Мариуш Матица ја побара за сопруга својата колешка, 21-годишната Ѓерѓи Дума. Таа кажа да!
Покрај барањето за жена пред мечот, пријателите на Мариуш направија порака „Дали сакаш да бидеш моја сопруга“. Фудбалерите и главниот судија Адријан Паи аплаудираа на необичната случка.
Според романскиот „Зиуањуз“, двојката е заедно речиси три години и заедно работат во ЦЈА Бихор, локалниот фудбалски клуб во северозападна Романија.
Мечот на теренот исто така не ги разочара фановите. Орадеа поведе со 3:0 по 39 минути игра, пред Диосиг да се врати за 3:3 со пенал во последната минута.