Top Sport

Помошникот на Гвардиола ќе биде новиот тренер на Арсенал?

Англиските медиуми тврдат дека Арсенал наскоро ќе го објават името на новиот тренер. Овие тврдења ги темелат врз „папарацо“ фотографиите кои биле направени доцна синоќа по поразот на Арсенал од Манчестер сити (0:3).

Според овие извори помошникот на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, Микел Артета ќе биде новиот предводник на „топџиите“.

На објавените фотографии е Винаи Ванкатшем како излегува од домот на Артета. Наводно тој таму бил два часа. Покрај него во домот на поранешниот фудбалер на Арсенал бил и клупскиот адвокат.

Инаку по натпреварот на „Емирејтс“, менаџерот на Сити Пеп Гвардиола рекол дека не разговарал на оваа тема со помошникот Артета.

„Тој е важен за Манчестер сити. Но доколку тоа се случи, тогаш ќе се случи. Кога ќе посака да разговара ние ќе бидеме отворени. Но сепак е тоа приватна работа, не би сакал да ги направам работите непријатни“, рекол Гвардиола.

Микел Артета му асистира на Гвардиола од 2016 година.

Scroll to Top