Британски медиуми ја пренесуваат информацијата дека неименуван катарски фудбалски клуб му нуди на шпанскиот фудбалер, Давид Силва (33) 15 милиони евра сезонска плата. Шпанецот кој е член на Манчестер Сити, според информациите, сериозно размислува за понудата.
„Ел Маго“ претставува мозок на екипата на Сити, па Пеп Гвардиола сигурно нема така лесно да се откаже од неговите услуги.
Силва во Манчестер е од 2010 година, дојде од тимот на Валенсија за 30 милиони евра.
Со „граѓаните“ освои дури 11 трофеи, но неговото место во тимот полека го завзема талентираниот Фил Фоден.
Останува енигма дали Силва ќе остане во Англија или ќе тргне по стапките на сонародникот Чави кој играше и кариерата ја заврши токму во Катар.
Во сезонава што заврши Силва одигра 50 меча, постигна 10 гола и имаше 15 асистенции.