Украинскиот клуб Шахтјор Доњецк ја одбил понудата од 65 милиони евра од Арсенал за Михајло Мудрик, останувајќи на првичната проценка од фантастични 100 милиони евра, објавува „ЕСПН“.
„Топчиите“ понудиле 40 милиони евра веднаш и 25 милиони евра во бонуси, и остануват единствен клуб во трката за фудбалерот од средниот ред. 21-годишниот Мудрик стана еден од најпосакуваните млади фудбалери во Европа откако стана стандарден првотимец за Шахтјор, за кои постигна три гола во Лигата на шампионите ова сезона.
Сепак, бидејќи клубот не успеа да влезе во осминафиналето на ЛШ и поради финансискиот притисок по руската инвазија на Украина, тие се подготвени за продажба, но само а вистинска цена. Самиот Мудрик вчера ги „запали“ навивачите на Арсенал откако на Инстаграм објави видео како го следи мечот Арсенал-Астон вила.