Фудбалскиот клуб Тотенхем ќе почека со отворањето на новиот стадион, во кој клубот вложил 850 милиони фунти. Во петокот, стотици литри вода пробиле неколку нивоа на стадионот, откако пукнала една цевка, а „настрадал“ и еден електричен столб.
„Каков туш. Проблемот го направи цевка за вода, а случајно го откри еден од работниците. Но беше касно да регираме“, изјавил еден од работниците за англиските медиуми.
Водата многу бргу ја поплавила внатрешноста на стадионот.
Tottenham hit with MORE stadium delays after burst water pipe floods electrics for 45 minutes at their troubled £1bn new home pic.twitter.com/5erRYRpGy9
— Lilian Chan (@bestgug) August 24, 2018
„Сите што работеа околу стадионот се обидуваа да ја запрат водата. Штетата веројатно ќе биде голема. Се обидуваме да дознаеме што ја предизвика поплавата. Навистина имаше многу вода, а ние моравме да го напуштиме местото бидејќи ризикувавме да не погоди струен удар“, дополнил друг работник.
На почетокот на месецот, Тотенхем, потврди дека планира новиот стадион да биде отворен кон крајот на октомври.