Пари Сен-Жермен се подготвени во текот на летото да платат 100 милиони евра за фудбалерот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ, тврди „Калчомеркато“.
Српскиот репрезентативец, според медиумите, би бил совршена замена за Адриен Рабио, откако Французинот одби да потпише нов договор и влезе во конфликт со клубот и ќе замине како слободен агент во текот на летото.
Популарниот СМС беше поврзуван со ПСЖ, но и со Манчестер јунајтед во текот на минатото лето, но тогаш цената беше 150 милиони евра. „Попустот“ доаѓа по неговите слаби настапи на Мундијалот во Русија и просечната игра оваа сезона.
Милинковиќ-Савиќ има договор со „аквиле“ до јуни 2023 година.
Фото: ЕПА