Рајан Бабел на 32 години игра во формата која пред многу години му донесе трансфер во Ливерпул. Кричниот напаѓач е важен дел од составот што го форсира холандскиот селектор Роналд Куман. Синоќа против Естонија постигна два гола, во победата 4-0, а неколку дена претходно учествуваше во големата победа над Германија 4-2.
Бабел од оваа сезона го носи дресот на турскиот великан Галатасарај, откако минатата како позајмен играч на Бешикташ ја мина во Фулам.
Бабел долги години е репрезентативец, беше дел од селекцијата која во Јужна Африка на Светското првенство, во финале, доживеа пораз 1-0 од Шпанија.
32 годишникот е компетентен да направи споредба помеѓу таа и ова генерација на холандски фудбалери. Според него во актуелниот тим, за разлика од оној во 2010 година владее заедништво.
„Овие момчиња имаат помалку его, повеќе играме како тим. Се сеќавам дека во 2010 година имаше борба помеѓу големата четворка: Робен, Санјдер, Ван Перси и Ван дер Варт. Сите сакаа да бидат главни во екипата. Доколку повеќе се грижеа за тимот тогаш ќе можевме да го освоиме Светското првенство“, рекол Бабел.
Инаку, во Ц-групата Холандија со девет бода се наоѓа на третото место, но има натпревар помалку од Германија и Северна Ирска.