Top Sport

Поради Куман Барса не може да донесе замена за Агуеро

Барселона нема да може да донесе замена за Серхио Ауеро. Аргентинецот, поради срцева аритмија, од лекарите доби забрана да игра во наредните три месеци. Поради побарувањата на Роналд Куман, клубот не може да биде активен на трансфер пазарот.

Куман, минатата недела доби отказ. Клубот го отпушти поради серијата на лоши резултати.

По отказот тој бара да биде исплатен според договорот, односно бара 12 милиони евра. Барселона се обиде но не успеа да ја намали цената.

Каталонците, во јануарскиот преоден рок, ќе имаат на располагање околу 20 милиони евра, кога ќе го исплатат Куман, ќе им останат уште осум милиони евра. Прашање дали ќе можат да ангажираат некого за оваа сума.

Хнедикеп за Барселона е укинатото правило, кое на клуб му дозволуваше да донесе замена надвор од преодниот рок, доколку остане без играч на подолг период.

Scroll to Top